ГДОМ: Се подготвуваат мрачни сценарија, федерализација на Македонија
Пеејќи стих од народно-револуционерната песна „А бре македонче“, претседателот на Здружението на пензионери Веле Алексовски го започна говорот пред поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Откако заврши со песната Алексовски рече дека вечерва можеби е последниот контрапротест бидејќи неколку политички партии се плашеле да излезат на избори.
„Од едни фашисти се спасиле нашите дедовци и татковци, но дојдоа другите за жал предавници, изроди, човекојадци односно канибалисти. Зарем тие ќе дозволиме да не водат. Само да знаете какви мрачни сценарија и какви тајни планови се подготвуваат за нашата библиска Македонија, федерализација на Република Македонија. На 14, 15 и 16 мај се подготвува најстрашното сценарио, од југ ќе ни пуштат 500 илјади мигранти, а од север чекаат браќата од УЧК“, рече Алексовски.
„И јас сакам својот револт да го изразам од името на сите спортисти и вработени во образованието и да го кажам она што оваа Влада го прави во последните 10 години не го направила ниту една друга Влада од вековното постоење на Македонија.“, рече Славчо Давитковски.
И вечерва контрапротестот, дванаесети по ред, се одржа во центарот на градот пред просториите на О.К на ВМРО ДПМНЕ./Д.С