Седум ипол години затвор за велешанец кој тепал жена
Казна затвор од седум ипол години заработи Т.Ј. од Велес. Велешкиот суд му ја изрече казната за сторено кривично дело разбојништво. Овинетиот на 25 октомври 2014 година , околу 13 часот, физички ја нападнал Н.Џ. од Велес и и се заканил по живот. Од ташната што ја носела со себе и одзел тринаесет илјади денари и побегнал во непознат правец.
Пред да се случи инцидентот, обвинетиот најнапред ја следел оштетената додека си одела дома. Н.Џ. кога влегла во зградата, ја отворила вратата од станот и ги оставила кесињата со купени производи во една од собите и кога сакала да ја затвори вратата обвинетиот ненадејно влегол во станот и со тупаница ја удрил во пределот на главата. Од ударот оштетената паднала на подот. Тој ја фатил за облеката околу вратот и ја одвлекол во собата каде што таа предходно ги оставила кесињата со купените производи. Не му било доволно сето тоа што и го направил па почнал да ја удира со клоци и тупаници по главата и телото.
Додека ја тепал и ја префрлил тренерката преку глава со цел таа да не може да го види. Од ударите по главата и телото, се здобила со телесни повреди на главата, градниот кош, левиот рамен појас и на други делови по телото. За цело време додека ја тепал и велел да му ги даде парите . Откако ја зел ташната и од неа ги земал сите пари, побегнал во непознат правец. Таа го пријавила случајот во полиција и по брза интервенција Т.Ј. бил фатен./С.А