УМС ги најави владините проекти за млади во Велес
Со критика до опозицијата, за временскиот период во кој што како власт не заковала ниту еден клинец во училиштата и студентските домови наспроти програмата на партијата ВМРО ДПМНЕ во која биле опфатени конкретни проети токму за младите луѓе во државата настапија денеска на прес конференција од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Велес. Потпретседателот Ѓоре Климкаров реагираше на односот на СДСМ кон проектите на Владата велејќи дека наместо да поздрават една мерка или проект нивните опоненти зборувале за младинско вработување и при тоа заборавале дека во времето на владеење на СДСМ во Велес бројот на невработени го достигнал дното со 16 илјади лица.
Потоа Климкаров потсети на партиската програма на ВМРО ДПМНЕ и ги издвои десетте најави за проекти што партијата ќе ги реализира во интерес на младите во државата.
„Изградба на фитнес зони во 18 градови, отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром, изградба на 150 игралишта за баскет, бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети, бесплатен железнички викенд за млади до 27 години, загарантирано вработување на стоте најдобри студенти на додипломски студии секоја година“, рече Климкаров.
Од УМС обвинија дека СДММ продолжува да ги следи стапките на СДСМ и да биде против проектите за младите што ги реализира партијата на власт./Д.С