Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На далеку биле и останаа познати велешките производители на стомни, бардачиња, утиња, тави, земјените грнци и други садови за домаќинство. Со грнчарскиот занает, според некои пишани документи , во стар Велес, се занимавале стотина семејства. Квалитетната глина , која ја има во огромни количества околу градот , посебно во месностите Брца, Гроот, Керамидна, велешките бавчи и други реони им давала можност на грнчарите да изработуваат на далеку познати земјени производи кои со векови на жителите им биле единствени садови како за за подготвување на храна и за пиење и чување вода така и за варење на ракија.

Истражувајќи за грнчарскиот занает во Велес неодамна во задниот дел на манастирот „Свети Димитрија“ ,зафрлена меѓу камења и покриена со земја, пронајдовме мермерна плоча посветена на грнчарскиот еснаф од Велес. На плочата со црквено-словенско писмо е напишано дека велешките грнчари имале здружение уште во далечната 1889 година.

Како и сите занаетчии така и грнчарите секоја година на први јануари, денот на еснафот, го одбележување во манастирот „Свети Димитрија“ во старата манастирска црква каде литургија одржувале православни свештеници. Кумовите, кои секоја година се менувале, подготвувале ручек, а празникот го одбележувале и со оро и со песна.

Во знак на овој вековен занает мермерната плоча на велешкиот грнчарски еснаф и на големите мајстори, некои од еснафот ја направиле во 1941 година. Дали пред тоа имало друга ваква или слична плоча засега не може да се потврди. Останува непознатица и зошто оваа плоча била фрлена и покриена со камења и земја позади манастирот?! Тоа ќе се доистражи.

Инаку на ѕидот од зградата на манастирскиот конак велешките бавчаванџии имаат поставено мермерна плоча на која се напишани сите со име и презиме. Таа е поставена на ѕидот на првата зграда на конакот веднаш до скалите се качување на катот.

Стоилко Андреевски

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново