Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пациентите со дијабетис се жалат дека нема инсулинска терапија во амбулантата во велешката болница. Тие тврдеа веќе десетина дена биле оставени без инсулин. Секојдневно се јавувале во амбулантата да прашаат кога ќе стигне пратката со овој лек, без кој не можат да живеат.

„Одам веќе една недела и секој ден ми велат дека нема инсулин. Јас морам секој ден да примам терапија. Не знам што ќе правам понатаму, ако продолжи вака, се плашам дека ќе ми се влоши здравствената состојба“, рече утринава редовен корисник на ваков вид терапија во Велес.

Според други пациенти ова не е прв пат во амбулантата за инсулинска терапија да го нема нивниот лек туку тоа често се случувало,па морале да се снаоѓаат со заменски лекови.

Кога денеска пак контактиравме со вработените во амбулантата за инсулинска терапија, од таму ни рекоа дека пристигнала пратката со инсулин од сите видови, за брзо и споро дејство. Здравствените работници потврдија дека лекот го немало извесен период но дека се снаоѓале со заменска терапија.

Но, тоа не е во ред сметаат дијабетичари во градот и се надеваат дека вакви пропусти во иднина нема да има повеќе како и дека лекот ќе го добиваат навреме во предвидениот термин за терапија./Д.С

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново