Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Стотина вработени во судската администрација на велешкиот суд денеска излегоа на протест пред судската зграда. Но и покрај тоа тековните работи во институцијата не се прекинати, ќе се суди за сите итни предмети но другите рочишта ќе се одложат. Судските административци не се задоволни од одредени одредби од новиот Закон за судска служба кој стапи на сила во февруари годинава. Тие велат наместо европски и реформски добиле закон кој не е применлив за нив.

„На пример во законот има одредби според кои ако делумно задоволуваме со својата работа ќе ни биде изречен престанок на работен однос, или пак за полесна дисциплинска повреда нема да се води дисциплинска постапка туку веднаш ќе бидеме казнети со опомена или или со парична казна. И покрај тоа што сите забелешки и сугестии ги доставивме до министерството за правда пред донесувањето на законот , тоа не ни беше земено во предвид“, рече претседателот на синдикалната организација на Основен суд Велес, Горан Чолаков.

Преку штарјкот судските службеници бараат да им се зголемат платите и да им се исплатат ветените пет проценти за претходната година. Истовремено бараат да им се врати и старото работно време од 07.30 до 15.30 часот.

Денеска и утре судските административци ќе штрајкуваат пред зградата на судот, додека во петок ќе излезат на протест пред министерството з аправда, Собраните и Владата на Република Македонија. Инаку на штрајк од денеска излегоа судските административци од цела Македонија. Нив ги организираше и поддржа Здружението на судска администрација  и УПОЗ./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново