Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Четири годишно дете од велешкото село Бузалково е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17.20 часот во селото. До несреќата дошло кога 22 годишен жител на Бузалково управувајќи товарно возило марка „мерцедес“ со велешки регистараски таблички го прегазил детето кое било пешак.

По несреќата детето веднаш било пренесено во болницата во Велес, но поради сериозноста на повредите е препратено во скопската клиника. Најверојатно станува збор за тешка телесна повреда на стопалото од неговата нога.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново