Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Матеја Николова, Дора Димова, Софија Новачева, Александра Челев, Петар Митиќ, Емануел Сулемановски, Горјан Јаневски и Анѓел Богоевски. Ова се учениците од основното музичко училиште Стефан Гајдов во Велес кои со освоени први награди, се вратија од меѓународниот натпревар по пијано, виолина и соло пеење што викендов се одржа во Аранѓеловац, Србија. Иако поминаа долг пат и немаа време за проба, тие освоија по 96 од максимални 100 поени, изведувајќи класична музика на пијано и виолина.

Со своите мали но вешти и талентирани прстиња по музичките инструменти, оставија силен впечаток кај комисијата и присутните гости. Во исклучително тешка конкуренција успеаја да ги освојат првите награди во сите предкатегории. Нивните професори по пијано Илија Настовски и Јованче Банeв се горди на своите ученици.

„Ова е навистина голем успех за нас како училиште. Во моето досегашно седум годишно работно иоскуство можам да кажам дека ова е прва година во која на еден натпревар ги освоивме сите први награди. Бевме оценети и како училиште кое настапуваше во преткатегорија и самите членови на комисијата за оценување беа воодушевени од нашите деца“ рече професор Настовски.

„Мене ми е прва година на работа во музичкото училиште и навистина сум среќен што нашите деца покажаа исклучителни таленти за изведба на пијано и виолина и многу сум и благодарен што се вративме со првите награди“, рече професор Јованче  Банев.

Патот до Аранѓеловац за учество на меѓународниот натпревар финансиски го поддржаа општината, Здружението на пензионери и родителите на децата. Професорите од музичкото училиште сепак апелираат бизнис заедницата да ги отвори вратите кон уметноста и културата во градот и да ги поддржи талентираните деца.

„Овој пат немавме среќа да издејствуваме какви било средства барем за едно ноќевање на учесниците. Ние моравме да патуваме цела ноќ и веднаш потоа да настапуваме, што не е баш добро за деца на таа возраст. Сепак поминавме добро, бидејќи децата спиеја во автобусот“, рече Настовски.

На меѓународниот натпревар во Аранѓеловац освен ученици од Македонија, учествуваа и талентирани млади музичари од Србија, Босна И Херцеговина, Хрватска и Русија./Д.С

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново