Зголемените ингиренции на Претседателот на државата за помилување на осуденици предизвик за демократијата во земјата
Европската Унија и досега ја критикуваше работата на македонските судови во делот на независноста.Тоа вчера го потенцираше евроамбасадорот Аиво Орав одговарајќи на новинарско прашање за кризата со Уставниот суд во Македонија која ги предизвика протестот и контара протестот во Скопје поточно за тоа каква е праксата во земјите на ЕУ кога на претседателот на државата му се даваат законски ингеренции да може да помислува луѓе обвинети за изборни нерегуларности.
„Ние не зборуваме за кривичните пријави туку повеќе за политичкото влијание врз самите судови. За овој конкретен случај за кој се дискутира повеќе недели во областа на Специјалниот Јавен Обвинител, по поднесните кривични пријави против повеќе поранешни министри во врска со изборна измама, и јас незнам што ќе одлучи Уставниот суд но ако повеќе права му се дадат на Претседателот или идните претседатели на оваа земја тогаш останува на самиот претседател на државата да го искористи овој инструмент се со цел да ја зајакне или да ја ослабне демократијата,“ рече Орав.
Евроамбасадорот одговори и на новинарско прашање кога ЕУ ќе и ги пушти парите на Македонија ветени како помош за справување со бегалската криза што во повеќе наврати го потенцираше и самиот претседател, Ѓорге Иванов.
„Би сакал да потенцирам уште еднаш дека Европската Унија е најголемиот донатор во вашата земја. Така на годишно ниво ЕУ дава 100.000.000 евра финансиска помош на вашата земја. Што се однесува за кризата со мигрантите Европската Комисија веќе одговори на тоа прашање колку милиони евра имаме дадено досега како и претходно се со цел да ги подготвиме вашите институции да се справуваат со такви ситуации. И тоа што е важно за нас, за даночните обрзници на Европската Унија, е да слушнат одвреме навреме – Благодарам многу ЕУ за вашата финансиска помош,“ рече евроамбасадорот Аиво Орав./У.Ј.