Амбасадорите Аиво Орав и Пломп, Омбудсманот и градоначалникот Чадиев на средба со велешани
Што треба да направиме медиумите во Македонија да бидат послободни во нивното известување и како да ставиме крај на нивната зависнот од една или друга политичка партија. Вакви и слични прашања во врска со медиумската слобода денеска им поставија средношколците, пензионерите и останатите граѓани на Велес, присутни во општинската сала, на амбасадорите на ЕУ и Холандија Аиво Орав и Вилем Ваутер Пломп.
Според амбасадорите само слободни медиуми се клучен елемент во секое демократско општество. Евроамбасадорот Орав направи интересна споредба и кажа дека според светскиот индекс Македонија се наоѓа на 116 место по слобода на медиумите. Од земјата од која што тој доаѓа, Естонија, според истиот индекс, тамошните медиуми биле рангирани на третото место а од неодамна паднале на шестото место. Тогаш настанал скандал во кој опозицијата обвинила дека слобода на медиумите повеќе нема.
„Видовме некои чекори направени кон побалансирано известување на медиумите , но добро би било кога би имале дебата на повисоко политичко ниво, да дојдат лидерите на партиите на една тв и да разговараат за политички прашања. а не еден политички лидер да оди во една тв и да опдговара на однапред договорени прашања. Но има уште многу што да се направи. и се надевам дека во следниот извештај кој европската комисија ќе го издава во октомври нема да кажеме дека оваа земја има уназадување во однос на слободата на медиумите“, раче евроамбасадорот Орав.
Тој на граѓаните им објасни дека напредок е тоа што во Македонија е формиран Советот за етика во медиумите, чии што ингеренции овозможуваат посочување на добрите и квалитетни новинари кои професионално си ја вршат работата наспроти другите што одработуваат за една или друга политичка партија.
„Повеќе тежина има ако меѓу новинарите се зборува дека овој или оној новинар не работи како што треба. И тоа да го пријават во телата на саморегулација. Но ако тие тела се под партиски притисок никој не може да очекува дека неутрална или професионална одлука може да излезе од нив. Следет ја работата на советот за етика во медиумите, тие се независна саморегулаторна институција. Независни медиуми се европскиот начин за иднината на Македонија“, рече Орав.
Велешани беа заинтересирани и прашуваа како ќе поминат следните вонредни парламнетарни избори и какви се последици ќе има државата доколку повторно не се спроведе регуларен изборен процес. Од омбудсманот ги охрабрија дека секој граѓанин кој има право на глас не смее да дозволи врз него притисок да врши која било политичка партија.
„ Тоа значи дека ги охрабруваме сите граѓани со право на глас кои во текот на предизборниот процес и на денот на гласањето ќе забележат какво било инволвирање или попречување на остварувањето на правото на глас, слободно да се обратат во нашата основна канцеларија во Скопје на бесплатниот телефонски број 0800 54321 или пак сето тоа да го пријавите во нашите шест подрачни канцеларии, се со цел да бидеме до вас да ги заштитиме вашите права “, речее Васка Бајрамова Мустафа, од канцеларијата на Народниот правобранител.
„ Се надевам дека нема да има никакво заплашување на гласачите пред изборите на 5 јуни . Исто така е многу важно луѓето да учествуваат на тие избори“, рече холандскиот амбасадор Пломп.
За да се спроведат слободни избори, сите свои ресурси на располагање на Државната изборна комисија ќе ги ставела општина Велес, изјави денеска градоначалникот Славчо Чадиев.
„Систе свои ресурси ги ставаме на располагање се со единствена цел да се спроведат фер и демократски избори. Така отсекогаш било во Велес и ќе остане. Претходните парламентарни избори во Велес се спроведоа без ниту еден приговор. На моите гости, амбасадорите денеска им кажав дека се дојдени во најтранспарентната општина во Македонија за изминатава година“, рече Чадиев.
Претставниците на меѓународната заедница изразија надеж дека следните избори ќе се спроведат во фер и демократска атмосфера и дека Македонија конечно ќе излезе од политичката криза. Дури тогаш велат тие ќе можат да продолжат со претпристапните преговори за членство во Европската унија./Д.С