Неизвесно е кога ќе започне дислокацијата на топилничарската згура
Во моментов сме во фаза на вадење на техничка документација за експлоатација и приготвување на елаборати за заштита, не можеме да ви одговориме на прашањето кога ќе започне дислокацијата затоа што тоа зависи од техничката документација и еколошкиот елаборат. Предвидуваме јавна промоција на двата документи пред велешани штом бидат готови, стои во писмениот одговор на скопската фирма Екоцентар 97, избрана пред месец и половина за концесионер на топилничарската депонија во Велес.
Од таму засега не можеа конкретно да одговорат на нашите поставени прашања, кога ќе започне и како ќе се врши транспортот на 1, 7 милиони тони олово цинкова и кадмиумова троска.. Според Марко Момировски, Екоцентар 97 е подготвен да соработува со медиумите, институциите и граѓаните и стојат на располагање за сите потребни информации поврзани со начинот на вадење на троската од огромниот рид и нејзиниот трнспорт. Фирмата концесионер, засега не одговори каде ќе биде однесена и за што ќе се употребува троската.
За топилничарската згура, скопската фирма доби десет годишна концесија за што плати 1,3 милиони денари.
Ианку депонијата со згура која се наоѓа во непосредна близина на Велес е се уште претставува една од црните точки во државата, ја загадува животната средина и штетно влијае врз здравјето на граѓаните./У.Ј