Викендов во велешко се одржа петиот „Февруарски поход“
Традиционално по петти пат викендов се одржа планинарската манифестација „Февруарски поход 2016“. Триесетина планинари организирани од спортското планинарско друштво „Зелен рај“ ја пропешачија патеката долга околу 40 километри, почнувајќи од село Богомила, до планинарскиот дом Браќа Јаневи во село Ораовдол па се до железничката станица во село Теово. Сончевотот време им овозможи турата да ја поминат уште поубаво, застанувајќи и воздивнувајќи на сите прекрасни предели низ кои минуваа.
„Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата и одвикнување од лошите пороци на денешницата, па така се надевам дека следната година ќе не има во уште поголем број и со многу повеќе успеси“, рече претседателот на С.П.Д „ Рај од Велес“, Зоран Игновски.
На годинешниот Февруарски поход учествуваа вљубеници во природата од цела Македонија, ученици од ученичкиот дом „Лазар Лазаревски од Велес“ , припадници на полицијата како и мештани од селата долж планинарската рута.
Покровител на настанот, како и во изминатите години е општина Чашка, а свој придонес дала и винаријата „Изворно“. На убави спомени од годинешната планинарска рута учесниците ќе се сеќаваат во текот на целата година со очекување дека следната ќе биде побројна и поинтересна./Д.С