Велес има значајни граѓани
Голем број дејци, од каменестиот но слободарски Велес, со своите дела, оставија длабоки и неизбришиви траги не само во историјата на својот град туку и за Македонија. Имињата на Џинот, Жинзифов, Главинов, Неделковски, Рацин се само дел од плејадата велешани кои го задолжија македонскиот народ да ги памети како свои чеда кои со своите дела направија ова парче македонска земја да живее слободно. Во него се родија и работеа многу преродбеници и борци за слобода. Ништо помало не е значењето и на делата на другите видни велешани, академици, лекари, инжинери, диригенти, актери, политичари, спортисти и културни работници.
На списокот на видни велешани одамна се запишаа преку своите професионални успеси и афирмација на родниот град , дома и во странство, диригентот Ангел Шурев, Перо Коробар – претседател на ФСЈ, Благој Шурев – виолинист, Костадин Кирков – виолинист, Илија Попов – музичар, Ангел Ончевски- генерал потоа академик Илија Васков, д-р Ангел Мајсторов, д-р Никола Стојков, д-р Татјана Стојкова, д-р Ристо Чолаков, д-р Боро Чолаков, д-р Перо Рушков, д-р Пенчо Шукарев, д-р Љупчо Шукарев, Ѓорѓи Сокол, проф. Иван Панов-Нине, проф. Д-р Стеван Габер, д-р Јордан Јовев, д-р Весна Јовева, д-р Сашко Јовев, инж. Витан Јовев, д-р Трајко Јовев, д-р Пенчо Давчев, д- р Бојчо Ванов, д-р Киро Јовев,режисерот Благој Андреев-Оцката, инж. Љубе Ѓорѓиев, проф. Вера Ќамилова, проф. Лила Бојаџиева, правникот Мишо Морото, Димитар Солев-судија, проф. Епса Урумова, проф. Аница Нешова-Каламарис, економистот Љубе Шандуп,како и д-р Киро Попов, актерите Петре Прличко и Тодорче Николовски како и нивната колешка актерката Марија Тоцинова. Потоа следуваат Љубе Тоциновсски, д-р Будимка Маџарова, Благој Михов-Баче- амбасадор, д-р Иван Катранџиев, д-р Трајко Ивчев, д-р Томе Лукаров како и неговиот брат и сестра, но имињата не успеавме да ги дознаеме како и сопружниците доктори Јовица и Надица Ивчеви.
На овој список на видни велешани свое место обезбедија и д-р Арне Ѓоргов, Васил Ѓоргов, д-р Славчо Зографски, проф. Родна Дерманџиева, проф. Панка Дерманџиева, економистот Ѓоре Тасев, Божана Петрушева, Божо Петруш, Божо Ончев, проф. Голи Стојанова, проф. Марија Димитриева, проф. Менкаџиева, Љубо Зафир, Боро Мокров, инж. Љубе Бабунски, Лилјана Ончева, академик Катица Ќулавкова, д-р Никола Бабунски, проф. Циунова, проф. Казакова, актерите Јосиф Јосифовски и Трајко и Благоја Чоревски, д-р Светлана Ќамилова, проф. Рушков, д-р Чедомир Теов, д-р. Панче Севдинов, инж. Станболиев, д-р Нацев, д-р. Намичев, правник Александар Варналиев, инж. Димче Симсаров, правник Димче Козаров, д-р Ордан Нојков, проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, д-р. Тодор Шоптрајанов, новинарот Борис Поп Ѓорчев, поранешниот јавен обвинител Аце Поп Ѓорчев, Љубе Поп Ѓорчев, Оровчанов- татко на познатата грчка поетеса Викторија Теодору, фармацевтот Благој Киков, режисерите Трајче и Столе Попови, Бане Андреев –Ронката, правникот Мето Демниев како и Ѓорѓи Крстев, Васил Трчков, Андреја Органџиев, Александар Органџиев, проф. Ќамилов, д-р Нечев, Светозар Танев, инж. Ацо Алексов, првиот телевизиски спикер во Македонија Александар Ацев, Моне Ацев, проф. Лилјана Крстева, писателот Јордан Леов, фотографот Благој Дрнков, писателот Васил Тоциновски, писателот Ристо Јачев, проф. д-р Александар Спасов, д-р Томе Саздов, музикологот Живко Фирфов, композиторот и музиколог Стеван Гајдов, оперскиот пејач Благоја Николовски, писателот Живко Павлов,.
Понатаму следуваат имињата на Боро Матето, Пандора Јованова, Мирче Панчевски, композиторот Јане Коџобашиев, флејтистот Никола Атанасов, инж. Трајче Босилков, инж. Стево Босотов, д-р. Поп Андов, Круме Мајсторов, прим. Д-р Никола Стојанов, Асенчо Бошков, Миле Бошков, проф, Стојан Христов, Томе Андонов, актерката Таска Балабамова, д-р Димче Чокалов, жена борец Роса Плавева, д-р Симеон Јанев, шпанскиот борец Алексо Демниевски Бауман, проф. Драган Николов-Ганди, поранешниот генерален директор на МРТВ Стојан Димов, д-р Аница Каргова, д-р Василка Киркова, правникот Здравко Василев, инж. Никола Стојанов, Томе Стојанов, Никола Демниев, д-р. Елена Цуракова, д-р Елена Бојаџиева, инженер Ангел Оровчанов, инж. Чолаков, Данчо Босилков.
Тука се запишани и имињата на Илинденко Стровјанов, Иванчо Лукаш, Војницалиев, д-р Стојан Кузев, проф. Ристо Андов, Владимир Русјаков, проф . Лазар Андреев, д-р Ацо Мешков, д-р Борислав Батиќ, сестрите Доневи, д-р Панче Шурков, Сланев, проф. Ристо Гарев, проф. Ристо Бузалков, правникот Михајло Маневски, д-р Коста Граматов, др Никола Боцев, проф. Благој Тепев, Петар Мурџев, потомците на семејствата Грацковалиеви, Далјанкови, Крепиеви, на чии имиња за жал не успеавме да се сетиме како и Тодор Бујуклиев, д-р Трајче Гигов, Солев, Бадников, проф. Бојан Подалешов, д-р. Гиго Ковачев, проф. Марија Алексова, проф. Д-р Петар Стојанов-Шлаката, проф. Поп Илиев, првоборецот Раде Бурчевски, Ботинов, проф. Бакалчев, д-р Орце Намичев, еконм. Методија Зврцинов, првоборецот Владимир Пармаков, д-р Љубе и Благој Левкови. Секако на овој список свое место имаат и Весо, Ружа и Александар Пингови, исселени во Канада, примобалерината Јагода Сланева, д-р. Јоана Трајкова-Ристова, оперската певица Миче Казакова, актерот Ангел Палашев, д-р Киро Јовев, Стево Скот, стоматолог д-р Томе Лукаров како и д-р Сашко Божинов, д-р Александар Донев, пилотот Ангел Зврцинов, електро инжинерот Иван Ванов, Петре Циунов, д-р Благој Митрев, Џунџев и правникот Владо Димов.
Неправедни со д-р Стојан Кулејџиовски би биле ако кажеме дека сме успеале да ги запишеме сите имиња на заслужните граѓани на Велес. Редакцијата на Дума.мк е отворена за соработка и за потсетување на имиња кои не се запишани а заслужуваат место на овој список.
Да не се заборави дека Велес е горд на отворената првата Гимназија, во далечната 1857 година, со напишаниот прв драмски текст на македонски јазик од преродбеникот и учител Јордан Хаџи Константинов Џинот и што со негов текст на велешката театарската сцена настапила првата актерка, велешанка. Во Велес Ангелко Палашев ја отвара првата библиотека, работи првиот музеј и првиот фотограф. Велес бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и затоа тој е лулка на македонската култура.
Стоилко Андреевски