Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Жителите на улицата Никола Оровчанец , често пати пишувале поплаки и се обраќале до Секторот за внатрешни работи во Велес. Тие од полицијата барале сообраќајците редовно да го регулираат протокот на автомобили и нивното паркирање особено откако биле поставени столбчињата пред новоизградената зграда со што улицата, од почетокот до куќниот број 15, е стеснета за еден метар . Од полициската станица за Дума денеска велат дека полицијата повеќе пати постапила поточно полицајците излегувале и постапувале согласно законските надлежности.

Вчера дел од жителите на оваа улица во центарот на Велес ги кажаа своите маки. Тие објаснија дека неможат да влезат во домовите и да си ги паркираат возилата во гаражите на „Никола Оровчанец“ поради сообраќаен метеж што ја создаваат паркирани автомобили  на граѓани од сите делови на градот.  Овие сопственици на куќи  бараат општината да ги тргне поставените столпчиња пред  новоизградената здграда. Сметаат дека сопствениците на становите, најголем дел од нив и претходно живееле тука во куќи кои им ги продале на инвеститори за да ја изградат зградата, добиле премногу бенифиции во споредба со нив. Одлуката со која се поставени проблематичните столбчиња истекува на крајот на месец март годинава.

Во писмениот одговор на новинарско прашање колку  и како сообраќајната полиција реагира при незаконско користење на паркинг места на споредни улици во градот особено кога паркирањето блокира или го отежнува влезот во цела населба портпаролката на велешкиот сектор за внатрешни работи, Анита Стојковска одговори  дека доколку граѓанин пријави за одредена неправилност во делот на сообраќајот на некоја од споредните улици на пример пред неговиот дом , во тој случај,  полициските службеници секогаш излегувале на лице место и постапувале согласно законските надлежности. /У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново