Викендов во Велес се одржаа 31- те традиционални извиднички средби на И.О. Димитар Влахов
Викендов во Велес се одржаа триесет и првите традиционални средби на извидничкиот одред Димитар Влахов. На средбите учествуваа 60 извидници од Прилеп, Скопје, Свети Николе и велешките извидници. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци а тие се одбележаа со натпревари од областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација.
Првото и третото место на триесет и првите извиднички средби им припадна на извидниците од поречанскиот одред „Јадран“, додека пак второт место го освоија извидниците од извидничкиот одред Феникс од Прилеп.
Во рамки на традиционалните извиднички средби била организирана и средба на извидници ветерани од неколку генерации кои активо учествувале во досегашните триесет средби кои се одржуваа на повеќе локации. Со овие средби започнува одбележувањето на 65 годишнината од постоењето на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ . Д.С