Велешките социјалдемократи бараат пратеникот Коџабашев да одговори зошто на неговиот имотен лист не се пријавени дополнителни финансиски средства од станарина
Фантомските гласачи со место на живеење на адреса иста како и на пратеникот Коџабашиев, тема и на денешната прес конференција на велешките социјалдемократи. Тие го повикуваат пратеникот да објасни зошто во неговиот имотен лист не се пријавени дополнителни финансиски средства од станарина ако овие шестмина гласачи, со презиме Станојкови“ биле потстанари во неговата куќа, што се наоѓа на улица „Мирка Гинова“ бр.16.
„Дали со тие лица се склучени договори за закуп и дали истите се доставени до УЈП? Го повикуваме Основното јавно обвинителство во Велес да постапи согласно член 272 од Законот за кривична постапка и да поведе постапка по допрен глас. За овие индиции дека постојат фантомски гласачи со место на живеење токму на адресата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, граѓаните очекуваат одговор од подрачната канцеларија на ДИК“, рече портпаролот на О.О. на СДСМ Весна Стојанова Богоевска.
Велешките социјалдемократи го повикуваат и пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев да излезе во јавноста и да одговори на сериозните обвинувања./Д.С