Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Тројцата синови на Андреја Aндреев,  Ордан, Тоде и Димуш, во триесетите години на минатиот век, биле меѓу најпознатите фурнаџии во Велес. Тие отвориле фурни на улицата „Браќа Поп Јорданови“, која почнува  кај  Градскиот саат и излегува на Теќе. Така го исполниле аманетот на таткото, познат земјоделец и производител на афион и пченица кој имал и лозје. Сиромашниот Андреја не сакал неговите деца да се борат со земјата па сите тројца ги дал да учат занает  кај познатиот лебар  Калдрма, тогашен голем мајстор за производство на леб, симиди, буреци, гевреци и друг вид на пецива. Ордан, Тоде и Димуш за неколку години го научиле занаетот. Потоа со помош на татко им прво изградиле фурна во куќата на Теќе.

(семејството Андрееви - таткото Анреја со синовите Ордан, Тоде и Димуш)

Биле први во тој дел на градот и работата добро им тргнала. По една година, кога бројот на граѓани купувачи се зголемил и двајцата браќа  Ордан и Тоде се ожениле, сложните браќа купиле уште една куќа на Теќе, стотина метри подолу од првата во која се вселил Тоде и во неа отварил фурна. А третата ја отворил најмалиот брат Димуш, штом се оженил во куќата што за него ја купиле Андрееви во близина на Градскиот саат.

( Фурнаџијата Ордан со сопругата Драга и синот Андреја)

Така најстариот од браќата,  Ордан, роден 1900 година,  на кого велешани му дале надимак Оцката со  својата жена Драга, останал да живее и работи, со неговиот татко Андреја  и мајка му ,  во куќата и фурната под Теќе. Тој си имал свои купувачи додека брат му Тоде, роден 1905 година,  свои во втората фурна на истата улица.

(Фурнаџијата Ордан со членовите на Народно црковниот одбор на „Свети Пантелејмон“)

„Убаво се сеќавам на дедо ми Ордан. Тој беше мирен човек. Многу ме сакаше. Беше голем мајстор и затоа го почитуваа не само муштериите туку и сите видни луѓе во Велес кои секогаш го избираа за член на црковниот одбор на соборната црква „Свети Пантелејмон“.  Посебно дедо беше многу ценет од сиромасите. Тој на многумина кои немаа да му платат им печеше леб без да им наплати, а на најсиромашните им подаруваше векни. Ми велеше, внучко, ако треба ќе земам малку од тестото на богатите ама ќе направам  леб и за најсиромашните“, рече неговиот внук Сашко Андреев.

Мајстор Ордан - Оцката бил фурнаџија и во српско и во бугарско и по ослободување на Македонија. Тој печел се додека во шеесетите  години на минатиот век  во Велес лебот почнал да се продава во продавници. Тогаш домаќинките повеќе не морале сами да месат и да носат  лебо на фурна.

„За време на Втората светска војна, кога Германците, со авиони, го бомбардираат Велес, една бомба паднала во близина на куќата и фурната на дедо ми Ордан. Тој бил во фурната. Два од повеќето шрапнели го погодиле, еден во шаката и затоа имаше парализиран прст и вториот во главата но не му остави сериозни последици. Бомбата ги изрешетала кепенците на фурната. Дедо ми му остави аманет на татка никогаш да не ја урне фурната и да не ги вади кепенците. Се сеќавам  кога татко ја продаваше нивната стара семејна куќа го замоли купувачот да не ги менува кепенците. Но времето си го стори своето,“ рече Сашко.

Фурнаџијата Ордан бил татко на три сина Славчо, Андреја и Благој. Тие му ја исполниле желбата кога најстариот Славчо завршил факултет за дефектологија во Белград и во родниот град се вратил да работи како прв дефектолог. Потоа со сопругата Вера, исто така дипломиран дефектолог, заминале на работа во Скопје. Нивниот единствен син Драган  денеска е голем научник во САД.

„Татко ми Андреја  беше меѓу првите машински инжинери во Велес. Работеше како наставник во средното  хемиско училиште, а  при изградбата на Топилницата е поставен за надзорен орган на парната инсталација.  Својот работен век го заврши во „Брако“ како раководител на проектанското одделение. Тој беше човек и голем другар“, рече неговиот син Сашко.

Најмалиот син на фурнаџијата Ордан, Благој  беше познат режисер и скоро целиот работен век го помина во Македонската Телевизија. Благој факултет за режија завршил во Загреб каде формирал семејство и станал татко на две ќерки. Се вратил во Македонија и така при формирањето на МТВ се вработил. Тој всушност е режисер на филмовите  „Волшебното самарче“ и  „Залез на езерската земја“, на серијалот телевизиски емисии „Распеани градови“ и на голем број телевизиски драми, емисии на народна музика итн. Благој почина во 2004 година.

„Чичко ми Благој беше опседнат со идејата како да му помогне на родниот град.  Од тогашните раководители на Велес побара покрај организирање на културно поетската манифестација  Рациновите средби,  да се одржуваат и манифестациите „ Распеани градови“, а посебно се залагаше фестивалот на македонска драма „Војдан Чернодримски“ наместо во Прилеп да се одржува во Велес, под името „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ бидејќи  Џинот во далечната 1857 година  го отвара првото училиште на мајчин јазик и прв  одржува театарски претстави. За жал, тогашното раководство на Велес, не ги прифатило иницијативите на Благој Андреев кој беше познат и по надимакот на неговиот татко ,Оцката,“ рече внук му Сашко.

Во спомените на велешани секако до денешен ден се сочувани ликовите на овие сложни браќа фурнаџии. Еве денеска со овој текст ги обновуваме. Да додадам дека фурнаџијата Тоде  до крајот на својот живот работел во фурната. И тој имал син, се викал Петар и две ќерки Марија и Светлана. За Ордан веќе раскажавме заедно со внук му Сашко Андреев. На крај ни остана само уште да не го заборавиме третиот брат,  Димуш , кој по десетина години откако ја отворил фурната, со својата сопруга заминале во Америка. Таму тој се покажал како голем пекар и спечалил голем капитал.  Пред почетокот на Втората светска војна повторно се вратил во Велес и продолжил со пекарскиот занает.  Многумина велешани , особено постарите, сеуште се сеќаваат на квалитетниот бурек и другите пецива што ги правеше Димуш. Неговиот единствен син Ѓоре, не го наследи татковиот занает.

За жал денеска во градот не постои ниту една од трите фурни на браќата Андрееви. На локациите на кои се наоѓаа фурните сега има нови куќи во кои живеат некои други граѓани. Фурните не биле ниту еднаш овековечени од фотографски апарат. Кога требало никој од градските првенци не ги заштитил. Затоа во овој текст ги спомнуваме и нека остане спомен за нивното постоење. Можеби зборовите ќе ги поттикнат граѓаните токму од денеска па понатаму, наместо да уриваат - да обновуваат и на тој начин да ја сочуваат традицијата. По неа се мери и коренот, колку поблабок толку постар.

Стоилко Андреевски

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново