Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Голема пукнатина, долга десеттина метри, има на брегот на велешко езеро. Таа се наоѓа веднаш до патот на почетокот на езерскиот брег на стотина метри штом се помине подвозникот кај селото Отовица. Тоа е локација на која многу често застануваат посетителите за да се фотографираат покрај езерото. Токму таму има доволно простор и за паркирање на автомобил.  Станува збор за пукнатина која ја разделува земјата и е длабока десеттина сантиметри. Граѓани велат дека распуканата земја е опасна и може да го свлече брегот во водата на езерото а не постои никаква заштита или знак за предупредување на посетителите.

Според некои граѓани таа е последица на обилните есенски дождови додека за други пукнатината е од поодамна и никој за неа до сега не се погрижил. Тие предупредуваат дека мора што поскоро да се санира за да недојде до несакани последици. Ова место е собено ризично во вечерните часови, кога поради неосветленост може да биде фатално како за човечкиот живот така и за автомобилите.

Од општина Велес, од каде рекоа дека испратиле екипа, соопштија дека тие не се надлежни да ја санираат пукнатината бидејќи патот што води покрај езерскиот брег до мотелите имал регионална важност па затоа надлежно било ЈП „Македонија пат“.

Раководителот на подрачната единица на јавното претпријатие Томе Јаневски рече дека утре ќе испрати екипа до местото а потоа ќе соопшти што ќе превземат за санирање на пукнатината./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново