ВМРО ДПМНЕ најави проекти за млади
„ВМРО ДПМНЕ е партија која иднината ја темели на младите токму затоа акцентот го става на нивните потреби. Во таа насока се и петте нови проекти што вчера ги најави претседателот на партијата Никола Груевски. Тие директно ќе се однесуваат и на младите од Велес. Спомнати се проектот бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета година, мерката бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години, изградбата на фитнес зони во 18 градови меѓу кои и во Велес, како и изградба на перални и сушални во сите државни студентски домови.
Работејќи посветено на отворањето нови просторни капацитети кои го помагаат процесот на студирање и едукација, ВМРО ДПМНЕ предвидува и отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром. Министерството за образование и наука кое ќе го спроведува проектот, ќе обезбеди работа на читалните секој ден од неделата, а истите ќе имаат капацитет од 100 до 150 места и 10 компјутери кои ќе бидат на располагање за корисниците на читалната“, пишува во соопштението испратено до Дума од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата на власт ги спомнаа и проектите кои досега се реализираа а се однесуваат на потребите на младите во земјата./Д.С