Повик до хуманите граѓани да и помогнат на велешанката Марија Гуцева
Несреќата во која западна седумдесет и пет годишната Марија Гуцева откако пожарот го пеплоса нејзиниот дом како и нејзиниот повик за помош од добронамерните граѓани и институции предизвика емпатија и реакции кај дел од нив. Активистите и волонтерите на најхуманата организација Црвен крст се одваа на нејзината мака.
Тие до нашата редакција денеска ја доставија трансакционата сметка на Марија за да можат хуманите граѓани, кој колку може, да донираат финансиски средства и да и помогнат на старицата во овие тешки моменти од животот.
200001597154947 Стопанска банка
За само неколку минути Марија остана без куќа и покуќнина. Пожарот кој го предизвика експлозија на стар телевизор за миг го „проголта“ нејзиниот дом и се што имаше во него. Пламените јазици ги изгореа и банкнотите од нејзината штотуку земена пензија, па таа остана без денар на улица. Моментално е згрижена кај нејзината ќерка, но не може да остане таму затоа што станот е мал и претесен да ги собере сите членови од семејството. Затоа на Марија сега и е неопходна помош од хуманите луѓе и институции кои ќе и помогнат да ја преброди несреќата што ја снајде.
Пожарот се случи во петокот претпладнето околу 12 часот кога пожарот целосно ја уништи куќата на оваа старица, што се наоѓа на улица Благој Јосмов бр.19./Д.С