Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Благој Крајчев со синот Ѓоре повеќе од пет децении во Велес се најпознати и најдобри производители на женски ташни. Мајстор Благој занаетот го научил од познат мајстор во старата велешка сарачка чаршија и првично покажал што умее како работник во старата велешка фирма „Работник“. Неговата креативност го донела и до директорското место. Тоа што го умеел несебично го споделил на останатите вработени меѓу кои бил и Ашикот. По десетина години мајстор Благој бил повикан да работи во крзнарската индустрија „Димко Митрев“ каде што останал се до 1968 година. Наредната година, кога тогашната власт дозволила, Благој  отвара приватен дуќан со работилница во градот веднаш до фурната на Тевчеви, на главната улица, од спротивната страна на поранешната стоковна куќа „Нама“.

Произведените модерни женски ташни  не ги купувале  само велешанки  туку и прилепчанки, кавадарчанки, штипјанки  и скопјанки. Кога тогашната градска власт на местото на ташнарскиот дуќан и работилницата, одлучила да гради кино и станбени згради во Велес,  на Благоја му дала дуќан на десната страна на Новиот мост, сегашен Гемиџии. И таму вредниот ташнар продолжил со работата, чиј обем од година во година се зголемувал, по што неговиот син Ѓоре одлучил да премине на работа од велешката Туланица во дуќанот на татко му. Занаетот му бил познат зашто од дете чиракувал и му помагал на татко му  па така не му било тешко брзо да ги совлада тајните на ташнарскиот занает.

„ Почнавме секоја седмица да вадиме по неколку нови модели на женски ташни. Побарувачката многу ни се зголеми. Покрај мене и татко ми, во работата, ни помагаше и мајка Ристана. Бевме единствени производители во Велес. Ашикот и Бошко Пишијата правеа училишни торби, а ние покрај ташни правевме и куфери. Се научив од татко ми Благој. Кога дојде време да полагам  мајсторски испит излегов пред комисија составена од познати мајстори во Скопјe. Положив без проблеми и продолжив да работам со татко се до 1989 година.  Тој не можеше повеќе. Почина во 1991 година“, рече мајстор Ѓоре деновиве кога седнавме да помуабетиме за добрите стари времиња во Велес.

Тој полека се присетуваше на своето и минатото на семејството. Јас го слушав и го потпрашував. Мајстор Ѓоре продолжи да раскажува како  за да произведе поубаво дизајнирани кожни ташни и други производи од кожа инвестирал во три нови машини. Ангажирал тројца мајстори и тројца калфи од Скопје. Toj ги моделирал и кроел а мајсторите и калфите ги шиеле. Бидејќи често патувал во Загреб, Белград, Солун, Софија и во други  градови следел што таму е модерно и купувал примероци на кожни и скајени ташни кои ги носел во Велес за да ги видат неговите работници. Тие им давале инспирација за наредното производство што почнале да го продаваат дома и во градови во Србија.

„ Ги имав Рамче и Суљо за работници кои беа многу добри мајстори. Такви мајка веќе не раѓа. Работливи и чесни.  Многу ми помогнаа да го зголемам производството. Работеа и во Велес и во Скопје. Тогаш дневно правевме од 50 до 80 ташни. Најголем број продавав во Ниш, Чачак, Крушевац, па и во Белград. Во некои денови и 300 ташни беа малку зашто побарувачката беше голема. Предноста не беше само во тоа што беа модерни туку беа изработени од квалитетен материјал. Не жалев пари за да набавам добра кожа и добар скај. Сакав муштериите да бидат задоволни. Со распадот на Југославија не само што ни се намали работата туку имавме проблем со набавка и на суровини. Немаше кај нас квалитетни репроматеријали  па се до увозот од Турција се изнамачивме.  Со скајот од Турција го задржав квалитетот и немав проблеми со навреме ги плаќав ангажираните мајстори и калфи. Се беше добро до моментот кога на нашиот пазар беше увезен скај од Кина. По неколку месечна работа се разболев од алергија.  Не можев да работам, заминав во пензија и занаетот му го предадов на синот кој шеста година вредно работи и верувам дека нема да дозволи да згасне семејната занаетчиска традиција,“ рече  мајстор Ѓоре.

Сега Љупчо освен дамски ташни продава и кондури, чизми и кожна галантерија. Тој  ги пречекува и услужува граѓаните, го нуди асортиманот на семејното производство и се обидува да го збогати.

„Тешко е. Многу увоз од Кина влезе во Македонија. Сите знаат дека станува збор за неквалитетни производи што ги купуваат само затоа што се евтини. Домашните производители не можат да опстанат. Навистина ќе ми биде многу жал ако и јас еден ден, како што тоа веќе го сторија повеќемина занаетчии , ставам клуч на дуќаните. Засега со мерак работам и се`уште се борам но, навистина не знам до кога. Татко ми, пред да отиде во пензија, купи многу скапи машини со кои правам најубави женски ташни во градот и пошироко во регионот. Тешко ги продавам бидејќи домашниот пазар врие од  евтини и неквалитетни производи. И голема беспарица е“, рече синот Љупчо.

Тој не е голем оптимист дека уште долго време ќе може да ја сочува фирмата „Ташнар Ѓоре“. Така мисли и неговиот татко, кој пензионерските денови ги мине помагајќи му на синот и дружејќи се со рибарите на брегот на реката Вардар. Мајстор Ѓоре често во раце ја држи рибарската трска. Така, во близина на семејниот дом, се одмара и релаксира од тешките мисли. По разговорот во куќата на Крајчеви ме испрати велејќи: „Тажно ќе биде и за нас и за градот ако дозволи да изумре и ташнарскиот  занает.“

Стоилко Андреевски

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново