Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Мирис на штотуку печени симити, гевреци и домашен леб се ширел, секое утро, од фурната што со децении се наоѓала во приземјето на куќата на Ангел Марушката, во месноста Дворови, во Велес. Така фурнаџија Трајко Чочето ги будел граѓаните во околните куќи , помеѓу двете железнички пруги за Штип и за Гевгелија. Штом фурнаџијата започнел, со дрвената пекарска лопата  да ги вади испечените векни леб, Дворовчанки веќе го имале подготвено дневниот ручек. Тогаш домаќинките тргнувале да ги носат земјените тави и грниња со чорби, грав, свински глави како и тепсиите со штотуку исуканите колпидиња, зелници, мазници и јајчаници.  Нив ги оставале на печење во фурната а дома заминувале со испечениот тазе леб на фурнаџијата.

И се до пладне, додека жарот на разгорените дрва ги печел  јадењата, низ сокаците се ширел вкусот на храна. Потоа според востановениот фурнаџиски „куќен ред“ почнувало печењето на арваниите, баклавите, фурмите. Слатките се печеле последни откако биле продадени пецивата и лебот и испечен ручекот. Во доцните попладневни часови кога ќе престаел да излегува чад од оџакот на фурната завршувал работниот ден за фурнаџијата.

Ретко кој од граѓаните знаел за неговиот тежок животен пат. Трајко бил син на познатиот велешки трговец Илија, сопственик на три дуќани на улицата „Вија Игнасија“ во Солун. Таму мајка му на Трајко, Анастасија, додека бизнисот цутел, ги родила четирите  деца, ќерките  Штерија, Родна и  Ратка како и синот  Ангел. Поради една голема неплатена сметка семејството западнало во криза и Илија  се вратил во родниот Велес  каде со парите од продадените дуќани , купил куќа во месноста „Мало Мегданче“. Потоа го научил срмаџискиот занает и отворил дуќан. Срмаџијата се соочил со голема семејна трагедија кога ги загубил трите деца, ќерките Родна и Ратка како и синот Ангел. Болката ја ублажиле раѓањето на синот Трајко,во 1895 година и неколку години подоцна на синот Богдан. Но срмаџијата Илија и неговата сопруга Анастасија не живееле долго. Набргу починале оставајќи ги сираци своите најмлади деца.

Тогаш грижата ја превзела нивната најстара сестра Штерија која останала вдовица. Трајко почнал да учи фурнаџиски занает. Кога ги совладал тајните на занаетот и одлучил да отвори фурна  бил  мобилизиран за војник  во Првата светска војна. По завршување на војната се вратил во Велес и отвара фурна најнапред во центарот  во месноста „Дворови“, до куќата на Пеневи и Галеви,  спроти поранешната стоковна куќа „Нама“,  а по неколку години ја зел фурната во куќата на Ангел Марушка. Во оваа фурна Трајко  останал до крајот на својот живот.

„Дедо ми бил пресреќен кога ја отварил фурната. Кај него сите жители од Дворови носеле леб на печење и купувале симити, гевреци и други пецива. Најсреќен бил кога со оженил со баба ми Павлина Бабунска од Башино Село. Верувале или не, тие имале 13 деца но, за жал од нив живи останале само синот Благој и ќерката Бојанка“, рече внуката Павлина.

Трајко од раните мугри до доцна навечер останувал во фурната.  Прво го месел и го печел лебот за аргатите кои наутро рано оделе по полињата. Од втората и третата фурна испечен леб купувале занаетчиите и газдите, кој подоцна оделе во дуќаните и фирмите. Трајко со денови и месеци на поголем број аргати им давал леб на вересија. Многумина од нив и не плаќале затоа што немале пари.

Внуката Павлина вели дека дедо и бил човек кој сакал да седне во меана, да се напие и да ја запее омилената песна  „Ој, Коруне млад Коруне“. Кога станал еден од најдобрите фурнаџии во градот мајстор Трајко отворил фурна и во Башино Село.  Во тоа време купил место и направил куќа во Дворови, позади  фурната. Тогаш почнала втората светска војна. Велес  бил бомбардиран од германски авиони и во него влегле бугарските војници. Војниците од Стара Југославија се разбегале на сите страни.

„ Дедо им помагал на војниците кои бегале од Германците. Баба Павлина раскажуваше како една вечер во фурната дошол исплашен војник кој се тресел од страв зашто едвај побегнал од гонителите. Дедо го скрил во задниот дел на фурната каде што чувал брашно. Кога се стемнило го повикал и тука во фурната седнале да вечераат. Војникот бил од кумановско-прешевскиот дел. Штом завршиле со вечерата дедо му рекол на војникот дека ќе спие тука во фурната а пред да го остават и довикнал на да му го подаде големиот нож за однатре да ја затвори вратата на фурната. Кога војникот го видел ножот се исплашил и си помислил дека тука, во фурната, ќе му згасне животот. Штом дедо и баба си заминале и се стивнало тогаш војникот станал, ја отворил вратата и си заминал“, рече Павлина.

Фурната на Трајко Чочето за време на Народната Револуција била често посетувана и од  илегалци и од партизани. На сите Трајко им давал леб. По ослободувањето  граѓаните земале леб и бели пецива со „точкички“. потоа во 1950 година, заедно со сите познати велешки фурнаџии, Чочето бил повикан во ново формираното претпријатие „Жито Вардар“ како обучувач за подготвување на леб. По неколку годишна работа во фабриката повторно се вратил во својата фурна во која работел до пензионирањето во 1967 година.

Фурнаџијата Трајко Чочето умре во 1983 година.

Стоилко  Андреевски

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново