Зависно од квалитетот, килограм праска во Росоман се откупува по цена од 15 до 20 денари. Проблеми со пласманот нема, потврдија денеска претставници од МЗШВ, заедно со градоначалникот на Росоман, државниот инспекторат за земјоделство и Државната финтосанитарна лабораторија, кои ги посетија откупните пунктови во Росоман.
При судир на „мицубиши“ и мотоцикл синоќа, среда 22 мај, околу 19 часот во Росоман повредени се две лица.
Росоманци извезоа три милиони килограми праски во Русија и очекуваат во периодот што следи извоз од уште два милиона килограми. Откупот се врши на неколку пунктови.
На магистралниот пат Градско - Прилеп, кај бензинска пума „Црна река“, ноќеска во 1.30 часот се случи сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управуван од Љ.Т. (19) од населбата Градско удри во заштитната ограда на бензинската пумпа и се преврте на патот.
Превртен унгарски шлепер го блокира патот близу Росоман. Возачот поминал со полесни повреди.
Започнa реализацијата на втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско Прилеп, проект кој се гради во три фази, а претставува инвестиција во висина од околу 60 милиони евра. Втората фаза од изградбата го опфаќа делот од Градско преку Росоман се до клучка Кавадарци во должина од 16 километри, инвестиција која за оваа делница предвидува 23 милиони евра средства обезбедени од фондовите на Европската Унија.