Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

protest0Претставници на здружението „Тиквешки лозаро овоштари“ вечерва со поддршка на членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци,  го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман. Блокадата траеше околу еден час по што се создадоа подолги колони возила.

На блокадите, речиси веднаш откако беа поставени, пристигна и министерот за земјоделство, Трајан Димковски, кој рече дека дошол директно да ги слушне барањата на луѓето кои протестираа. Освен извици „Оставка“ и „Оди си “ конкретни барања на министерот и не му беа кажани. Меѓу луѓето на протестот беa и пратеничките  Весна Пемова и Павлинка Честоева.

protest2 Претседателот на „Тиквешки лозаро овоштари“, Златан Стојчев повтори дека сакаат загарантирана цена за килограм грозје и гарантирани субвенции. Исто така околу шеќерноста на грозјето да одлучуваат стручни лица, а државата да им исплати и отштета поради сушата. Бараат и да се доисплатат заостанатите долгови од пред неколку години од одделни винарии.

dimkovski rosomanМинистерот за земјоделство во изјавата за медиумите повтори дека државата ќе ги помогне лозарите со интервентна мерка, за чија висина заедно ќе одлучат со производителите на грозје. Воедно ги повика луѓето од „Тиквешки лозаро овошари“ на заедничка дебата, тие да изберат на која телевизија.

„Оваа година поддршката ќе биде поголема од минатата година поради падот на приносите поради сушата. Интервенцијата ќе биде реална, прифатлива за сите. Тие народни пари што ги даваме да стигнат таму кај што требаат“ рече Димковски.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново