Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

praski otkupЗависно од квалитетот, килограм праска во Росоман се откупува по цена од 15 до 20 денари. Проблеми со пласманот нема, потврдија денеска претставници од МЗШВ, заедно со градоначалникот на Росоман, државниот инспекторат за земјоделство и Државната финтосанитарна лабораторија, кои ги посетија откупните пунктови во Росоман.

„Околу 60 отсто од вкупниот извоз на праски оди на рускиот пазар, проблемите за извоз во Руската федерација се надминати. Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, исто така и Државната фитосанитарна лабораторија дежура и во  сабота и недела за примање и издавање на анализи за да бидеме експедивни,  со цел производот да се извезе и да  нема застој. Цената се движи во зависност од квалитетот“, изјави Трајан Димковски од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев посочи дека во текот на денешниот ден е купена целата роба што е понудена за откуп, дека доволно заинтересирани откупувачи и очекува целото производство да биде откупено. Според него, дел од реакциите во изминтиве денови по социјалните мрежи биле исполитизирани.

„Како откупувачи ни требаат праски. Род има годинава. Бидејќи вчера беше празник во Росоман,  немаме и доволно стока за откуп. Во зависност од квалитетот на сите ќе им биде откупена праската. Се товараат камионите за Русија и Косово. Нашите купци не чекаат. Плаќањето на праските е веднаш. Секој ден ќе испраќаме по 2-3 шлепери. “ вели Беким Скендели.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, изјави дека дека инспекторите се постојано на терен, се земаат мостри за габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје, и засега сите резултати се негативни и праските се извезуваат на рускиот пазар.

Во текот на оваа недела  МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а  ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

SInalco PES 2021 web Baner 300x250 Duma

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново