Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

При посетите на терен и средбите на претставници на министерството за земјоделство со производителите на праски во росоманско и откупувачите во државата било утврдено дека голем број регистрирани откупувачи немаат стабилни партнери за извоз, а постојат и вештачки блокади од странските партнери поради неусогласеноста на цените при откуп. Трговците забележуваат дека во една гајба им биле пакувани по три сорти праски и дека производите се чувале несоодветно, соопшти вчера министерот Љупчо Николовски.

- На производителите на праски сакам да им кажам дека ги направивме сите потребни анализи на терен и предлагаме мерки кои се надевам дека ќе бидат усвоени од Владата. Првенствено сакам да кажам дека се работи за праска која е со исклучително лош квалитет како последица и на нефункционалноста на институциите. Едно е системот за наводнување во Росоман кој што над дваесеттина дена не бил во функција а не биле превземени мерки за да се пушти вода од системот како и неповолните климатски услови поточно измрзнувањето што настана и за што сеуште немаме добиено информации поточно конкретни записници од утврдувањето на штетата во министерството. Но тоа е работа која што ќе мораме со силен притисок да ја забрзаме. Воведуваме дополнителна мерка за 6 денари за килограм, за производителите на праска, кои што во периодот од 12 до 30 јуни ќе ја предадат на преработувачите значи ќе биде откупена од нив, и дома и во странство. Износот ќе биде 6 денари за праската која ќе се откупи до 5 денари. Вчера направивме контакти со преработувачките капацитети и сметам дека постои заинтересираност затоа што бев директно вклучен во разговорите со повеќето од нив токму поради имплементацијата на оваа мерка. Сметам дека ќе бидат опфатени над 500 производители кои ќе откупат над 400 тони праска за оваа намена и директно производителите ќе добијат по 5 денари субвенција, рече Николовски

Министерот најави поттикнување изградба на складишни капацитети и откупно дистрибутивни центри со капацитет до 5.000 тони, како и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет до 500 тони, со што би се постигнала повисока откупна цена./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново