Синоќа на концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје  а денеска на закројување на лозниците на „Тиквеш“ во Лепово, кај Неготино. И српскиот пејач Жељко Самарџиќ ја испочитува македонската лозарска традиција. Самарџиќ на празникот Свети Трипун се дружеше со гостите на винарската визба „Тиквеш“. Таму со желби за квалитетен род и бериќетна винска година денеска се закроија лозовите насади и во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите чинот на закројување го започнаа свештеници на МПЦ. Сепак првите лозници ги закроија генералниот директор на Винарската визба Тиквеш Игор Илиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Општина Неготино со општина Амлопиа од Грција работат на унапредување на пчеларството и производството на пчелни производи. Тие реализираат заеднички проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка.

Тројца полнолетни Неготинци нападнале и ограбиле економски мигрант од Ирак  пред пет дена во близина на железничката станица Демир Капија. Тогаш на пријавените А.С. (21), Х.Ч. (18), А.Д. (18) им помогнале и тројца малолетници на возраст од шеснаесет години. Сите тие  го нападнале Ирачанецот и насилно му пет евра и мобилен телефон.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново