Лозарите од Тиквешијата чие грозје не е сеуште исплатено утринава дојдоа по парите. Ги блокираа двете капии на винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Тие се револтирани поради односот на винаријата и долгото тактизирање.

Поради злоупотреба на службената положба и овластување градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов заработи три кривични пријави. 

На полноќ истече рокот за доставување на кандидатските листи за советници и градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Во општинската изборна комисија Неготино синоќа се случувала драма.

Тројца тешко повредени и еден полесно е билансот од сообраќајката што утринава околу два часот се случила во Неготино.

Поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков, неговиот заменик Ванчо Костадиновски и поранешниот заменик министер за економија Кристијан Делев заработија кривична пријава за измама и злоупотреба на службената положба и овластување.

„Единствено ние граѓаните на Неготино, ќе одлучиме дали ќе може да се гради бегалски камп во градот. Никој не може со сила да ни донесе народ од друга држави. Не ги даваме нашите работни места, мирот и безбедноста,“ се само дел од пораките што Неготинци ги напишаа на социјалните мрежи откако беше соопштено дека Неготино е еден од можните градови - центри, опфатен во националната стратегија и акцискиот план за бегалци.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново