Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

prvainajstaraavtoskolanegotino

15.01.2021

Можеби навидум изгледа чудно и неверојатно, но првата и воедно најстара авто-школа во државата е формирана токму во Неготино. Авто-школа „15 јануари - Неготино‟ , е формирана далечната 1991 година, на датумот чие име и го носи, пред точно 30 години. За тоа како невозможното стана возможно, за самите почетоци со работа, големата желба сонот да стане јаве, како и за развојот на Авто-школа „15 јануари -Неготино‟ раскажува еден од нејзините сопственици, Леон Ристов.

Се сеќавам како да беше вчера. Беше ладно и снежно јануарско попладне, а времето за започнување на теоретска настава беше сѐ пократко. Јас и брат ми Димитар Ристов бевме посебно возбудени. На влезот, каде што ги пречекувавме кандидатите имаше отворени бонбониери, сок и пластични чаши. Сакавме да ги пречекаме првите кандидати и да ги почастиме, скромно но со многу љубов.

Поводот беше отварање на приватна авто-школа, што во тоа време за најголемиот дел од жителите на Неготино и околината, па и за цела Македонија, беше речиси невозможна мисија, илузија, или во најмала рака лудост!

Но така не мислеше татко ми, Стојан Ристов. Тој имаше сон, да ја отвори авто-школата, а тој сон сега веќе почна да го живее. Со него го живеевме и ние.Воопшто не беше лесно, процедурата беше многу сложена и долга, и траеше неколку месеци. Уште многу порано татко ми знаеше како и ќе се вика. Рече: ќе се вика 15 ЈАНУАРИ.

Тоа беше ден на возачите во една бивша држава во која Македонија сѐ уште беше во заедница, а тој беше емотивно многу врзан за тој настан и за тој датум.

За да симболиката биде уште поголема, токму и првата теоретска настава започна баш на 15-ти јануари, во, сега далечната 1991 година, во просториите на Црвен крст-Неготино, кои беа и првите простории каде започна да работи Авто-школата „15 Јануари-Неготино‟.

Пријатно нѐ изненади големиот број на нови кандидати. Не ни помислувавме дека за толку кратко време (за неколку денови од кога и официјално добивме дозвола за работа) може толку многу кандидати да ни дадат поддршка и доверба.

Како да беше вчера, се сеќавам и на зборовите на татко ми, собрани во автошколата со брат ми, ни рече:

Оваа доверба не смееме да ја изневериме! Така и беше, а така и остана. Зборот “доверба” стана еден од трите столба врз кои се заснова нашата авто-школа: ТРАДИЦИЈА-ДОВЕРБА-КВАЛИТЕТ.

Поминаа 30 години, а нашиот ентузијазам никогаш не бил поголем. Авто-школата стана наш препознатлив симбол и начин на живот. Цврсто останавме посветени во сите овие три децении, водејќи се од принципите и темелите поставени уште на самиот почеток.

Поминавме низ многу турбулентен период, низ многу транзиции, проблеми и искушенија, но останавме доследни на принципите. Направивме од авто-школата препознатлив бренд, почитуван и ценет во цела Македонија.

Го проширивме и модернизиравме возниот парк. Располагаме со најсовремени возила, го направивме најубавиот и најсовремениот сопствен полигон. Горди сме и на нашите инструктори кои живеат за, и со Авто-школата „15 Јануари - Неготино‟.

Самиот факт дека Авто-школа „15 Јануари - Неготино‟ е најстарата приватна автошкола во Македонија, буди во нас посебни чувства на гордост, но и на одговорност.

Но, посебно и најмногу сме горди на повеќе од 7500 кандидати кои ниту во еден момент не престанаа да ни дават поддршка и да веруваат во нас во сите овие 30 години.

Тие се нашата сила и мотив! – вели Леон Ристов, еден од двајцата браќа, сопственици на авто –школата „15 Јануари - Неготино‟.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

KOZUVCANKA 2021 01

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново