Да се преврива водата за пиење во Неготино
Објавено на 13 јануари, 2021 во 10:26
13.01.2021
Јавното претпријатие „Комуналец“, препорачува да се преврива водата за пиење во Општина Неготино пред употреба, бидејќи е појавено заматување поради интензивни врнежи од дожд.
Заматувањето на водата, како што појаснија е поради интензивни врнежи во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“.
Препораката за превривање на водата пред употреба е се до стабилизирање на состојбата.