Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kola protest

04.12.2020

Со протестно возење кое тргна од центарот на градот, а заврши пред зградата на Општина Неготино, вечерва повторно се одржа граѓански протест организиран од ВМРО – ДПМНЕ под мотото „Оставки сега, за да не биде предоцна“.

Во своето воведно обраќање пред општинската зграда, пратеникот и претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Неготино, Златко Пенков, најпрво се заблагодари за поддршката од сите луѓе, кои со оглед на условите,  во овој момент се спречени да го изразат своето незадоволство. Тој порача дека сите граѓани, без разлика на нивната верска, национална и политичка припадност се едногласни дека Македонија е жива и македонскиот народ мора да извојува конечна победа против како што ја нарече оваа квинслиншка влада.

На протестот повторно беа упатени неколку пораки до локалните власти на Општина Неготино.

-Општинската зграда има потреба од нова управа, нов градоначалник, Совет на општината и јавна администрација која ќе биде во служба на граѓаните, а не само на неколку лица од партијата на власт. Во овој контекст, тој нагласи дека оваа власт го третира Неготино како депонија за се и сешто, а по повод најавите за уништување на 110 тони артилериски гранати кои беа пронајдени во Битола, а планот за истите е да се уништат на воениот полигон во Криволак, истакна Пенков.

penkov

Како што беше потенцирано на почетокот на протестот, оваа вечер е посветена на младите патриоти и родољуби, кои се моторот на секоја држава, а Македонија за нив е аманет.

За таа цел, свои обраќања имаа Кире Ташев, млад член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Неготино и членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

tasev

Ташев поголемиот дел од своето обраќање го посвети на како што го нарече најголемиот македонски револуционер и апостол, во чија срж лежи неизмерната љубов кон Македонија, Гоце Делчев.

- Македонскиот народ е неуштлив пиреј, а Гоце е Македонија. Мора да ставиме крај на разнебитувањето и тргувањето со целата македонска историја, јазик и идентитет, пред присутните од говорницата, порача Кире Ташев.

Членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Стефан Андоновски во своето излагање упати благодарност до полицијата, за која како што вели стои рамо да рамо со својот народ во одбрана на државните интереси, а потоа испрати и три пораки. Со првата порака ги повика премиерот Заев, специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Бучковски, како и целата влада веднаш да престанат со неофашизмот и распродавањето на националните интереси. Тој ги повика  сите пријатели од меѓународната заедница да застанат зад македонскиот народ кој живее во срцето на Балканот и да дозволат да биде, свој на своето. Додека пак до целиот македонски народ, Андоновски упати апел да излезе на барикадите и повика на пркос и борба за минатото, сегашноста и иднината што доаѓа.

stefan

На крајот на протестот, од ВМРО – ДПМНЕ ги повикаа сите слободомислечки граѓани да се приклучат, во како што велат, одлучувачката битка за Македонија и Општина Неготино.

Мите Јаначков

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново