Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tec negotino1

03.12.2020

Најмалку 10 светски компании од енергетскиот сектор се заинтересирани за ТЕЦ Неготино, но физибилити студијата, која се очекува да биде готова на почетокот на следната година, ќе покаже дали овој енергетски капацитет ќе се продава целосно или ќе се оди по пат на јавно-приватно партнерство.

Премиерот Зоран Заев денеска во Неготино истакна дека овој енергетски капацитет буди сериозен интерес.

Досега има најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино, затоа што тој има одлична географска местоположба, одлична поврзаност со мрежата и трафостаници кои можат да ја примат енергијата од новото производство на струја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“.

Кој модел ќе се избере, ќе се одлучи на почетокот на следната година, кога ќе биде готова физибилити студијата.

Термоелектраната која е во непосредна близина на Неготино има 207 вработени. Последен пат струја произвела пред 11 години, но според менаџментот, постројките континуирано се одржуваат. Електраната остварува приходи бидејќи има договор со МЕПСО и дава услуга „резервна моќност на елктро енергетскиот систем во случај на недостиг на електрична енергија.

Пред еден месец Владата објави дека за неколку државни загубари, вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино се бара стратешки партнер.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново