Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kovid 19

28.11.2020

Едно лице на 78 годишна возраст од Кавадарци ја изгуби битката со коронавирусот, во текот на изминатите 24 часа, информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Денеска се постави нов рекорд на нови ковид позитивни во Тиквешијата за едно деноноќие.

Дека пандемијата во Тиквешкиот регин е во полн ек, без знаци за смирување, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје – Кавадарци, кои потврдуваат дека дури 63 нови лица се инфицирале со вирусот. Од таму дополнуваат дека ова не е конечниот дневен биланс, со оглед на тоа што резултатите од земени брисеви сеуште се обработуват.

Од новодијагностицираните најмногу, односно 40 лица се од Кавадарци, 17 се од Неготино, 4 од Росоман и 2 лица од Демир Капија.

Новите позитивни се на возраст од 3 до 70 години. информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 39 пациенти со средно-тешка клиничка слика во стабилна општа состојба.

Вчера во Кавадарци беа евидентирани 33 оздравени пациенти, а во Неготино 13.

Од почетокот на пандемијата до вчера во Кавадарци има вкупно 1187 позитивни на вирусот, а активни 469 случаи. Во Неготино активни се 293 случаи.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново