Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

neg133

28.05.2020

Двајца сопружници од Неготино на возраст од 49 години  се позитивни на Ковид 19, потврдуваат од Центарот за јавно здравје . Мажот бил вработен во гранична полиција и имал контакт со негов колега кој претходно бил заболен од корона вирусот, па најверојатно и тој е инфициран од него.

Двајцата сопружници се во домашна изолација. Жената била во добра здравствена состојба, а нејзиниот сопруг со покачена температура.

Од Центарот за јавно здравје се следат контактите на новите двајца позитивни на Ковид 19 од Неготино.

Според ин формациите од СВР Велес, со решение во изолација има  11 лица  во Кавадарци и 13 во Неготино./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново