Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

IgraorcivoLepovo fin

Со македонски ора, игри и песни, со храна и вино, на лозовите насади во неготинско Лепово, сопственост на Винарска визба „Тиквеш“, денеска ,во чест на „Свети Трифун“ се одржа манифестација со која по осветувањето на лозовиот насад од страна на свештеници на МПЦ први лозовите прачки ги закроија премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за Агенцијата за финансиска поддршка Николче Бабовски. Ним им се придружи и директорот на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукичевиќ.

Naslovna fin

DimkovBabovskiiVukicevik fin

На крајот лози закроија и екс премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев како и поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

ZaevNikolovskiiVukicevik fin

За да се направат вината и винската индустрија уште поконкурентни, во светски рамки, мора да се вложува во лозарството. Оваа исконска земјоделска гранка има огромна традиција на опстојување како на балканските простори така и во нашата земја, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски и ги наброја развојните мерки што во изминатите две ипол години беа донесени од страна на владата а ја спомна и неселективната исплата на субвенциите.

IzjavaBabovskiDimkovskiiVukicevik fin

-Затоа нашите развојни мерки за винската индустрија се познати и даваат резултати. Македонското вино станува препознатлив бред. Вкупното производство на вино изнесува 115 милиони литри од кои 80 милиони литри завршуваат на пазари надвор од државата. Девизниот прилив изнесува 50 милиони евра. Пробивот на македонските вина на странските пазари е позитивна вредност за домашната економија како и за афирмација на нашата земја. Расте извозот на вино во шише а паралелно се зголемува бројот на награди на македонските вина на меѓународните саеми. Ќе продолжиме повеќе да вложуваме во промоција на македонските вина на странските пазари преку мерките од новите програми на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. , додаде Димковски.

Според министерот Димковски лозарството, како стратешка извозна гранка мора да се развива и унапредува па затоа Владата покажала дека се решливи сите проблеми на лозарите како што се, пред почеток на реколата, исплата на субвенции за одгледување на лозови насади со цел за извршување на неопходни агротехничките мерки како и исплатата на над 100 милиони денари поради ненавремените плаќања на родот од страна на неколку винарски визби. Тој им го честиташе православниот празник на сите лозаропроизводители посакувајќи им успешна и родна година.

Честитки за празникот на лозарите, винарите и овоштарите упати и директорот на ВВ„Тиквеш“, Радош Вукичевиќ.

-Очекувам уште една плодна година, засега временските прилики се поволни, да работиме рамо до рамо со лозарите и уште од денеска, за да не се гледаме два дена пред берба, да ги решаваме проблемите навреме, да ги примениме најсовремените лозарски практики за производство на врвно грозје што ќе ни овозможи да произведеме врвно вино кое и оваа година очекувам да биде едно од најнаградуваните во југоисточна Европа па заошто не и пошироко, додаде Вукичевиќ.

Навремената исплата на субвенциите, практикувана во изминатите три години, нечекајќи го празникот „Свети Трифун“ вроди со плод, рече директорот на Агенцијата за Агенцијата за финансиска поддршка Николче Бабовски.

-И годинава исплативме над 10 милиони евра за поддршка на лозарите, за одржување на нивните лозови насади, за примена на агротехнички мерки, за купување на заштитни средства и ѓубрива. Истата пракса ќе ја продолжиме и во иднина и тоа не само кон лозарите туку кон сите земјоделци во Република Северна Македонија, додаде Бабовски.

SvetoJanevski fin

Amerikanskaambasadorka fin

Во Лепово денеска освен политичарите беше и најголем број на дипломати во државата, естрадни уметници, бизнисмени. Амбасадорите со особен интерес ја следеа и се интересираа за традиционалниот начин на одбележување на празникот, македонските вина, храна и фолклор./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново