Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

reshenieNegotinodeponija

Градоначалникот на Неготино Тони Делков вчера доцна попладне го објави решението за поништување на постапка за изградна на депонија.
Решението е донесено на 30 декември минатата година, врз основа на член 58 од Законот за градежно земјиште и мислењето да Државното правобранителство, од страна на Комисија за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање.

Со решението се запира постапката за електронско јавно наддавање за градежно неизградено земјиште, поради негативно мислење на Правобранителството.

DelkoviEkoVita fin

На градежното земјиште беше најавена изградба на депонија за инертен индустриски неопасен отпад, а Здружението на граѓани „Ековита" покрена постапка за референдум против изградба на депонија, поради страв за последици по здравјето на луѓето и по животната средина.

Во решението има поука за жалба во рок од 15 дена до Министерството за транспорт и врски.

Од Ековита ги повикуваат жителите на Неготино и понатаму да се потпишуваат за оддржување на референдум./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново