Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

1562928563916За прв пат Неготино добива социјални станови. Денеска официјално започна изградбата на социјална зграда на влезот во Неготино. Ќе се изградат  62 стана за семејства кои се во социјален ризик. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски информира дека во социјални згради ќе се изградат во повеќе општини во земајва.

„ Зградата во Неготино ќе има 62 стана и ќе помогне во решавањето на станбеното прашање на социјално загрозени семејства. Во текот на оваа година планирано е исто така отпочнување со градба на социјални станови во Гевгелија, Пехчево, Свети Николе, Велес, Виница, а во Бутел во Скопје се планирани околу 312 станови. Сакам да нагласам дека покрај тоа што го правиме со јавните претпријатија во патната, железничката и комуналната инфраструктура, особено ни е важна и изградбата на социјални станови“ рече Сугарески.

     Генералниот директор  на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски соопшти дека рокот за изградба е 18 месеци. Тој не ја исклучи можноста изградбата да заврши и за пократок период, а потоа да им се доделат на семејства кои ги исполнуваат условите.

„Остануваме силно посветени на изградбата на сите станови кои ги најавивме. Следува интензивен период. Продолжуваме со зградата во Бутел, Виница и Свети Николе во текот на август, од ноември уште пет згради ќе почнат да се градат во Дебар, Велес, Гевгелија“ вели  Трајковски.

     Со претходните две и најавените осум, до крај на година треба да се заокружи проектот Ф/П 1674, за станови за социјално ранливи категории.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков изрази задоволство и благодарност до министерот и директорот. Рече дека категоријата на луѓе од ранлив карактер е добредојдена во Неготино. Нагласи дека е ова прва социјална зграда овде.
  „Општината останува посветена на решавање и на сите други проблеми кои се од социјален карактер. Благодарност до Владата за кредитот кој го зема за развој преку банката за развој, за да може да им се излезе во пресрет на ранливите категории, нагласи Делков./А.Д

 
 

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново