Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

lenta policija

Единаесет годишно дете е тешко повредено вчера откако во него удрил патнички автомобил „КИА спортаж“. Незгодата се случила вчера во 09.30 часот во дворот на здравствената организација „Хипократ“.

„Патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од четериесет и осум годишниот В.Н од Неготино удрил во пешак- единаесет годишно дете.  Во незгодата пешакот е тешко телесно повреден и со возило на Итна медицинска помош - Неготино е пренесено до Општа болница - Кавадарци и по укажаната медицинска помош е пренесена во Ургентен Центар Скопје“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од неготинската полиција.

Доктор Благоја Митев од Општа болница Кавадарци инфомрира дека детето било донесено во свесна состојба,вознемирено со тешка повреда на карлицата.

„Му се даде симптоматска терапија од наша страна,со сите потребни прегледи и увиди од наша страна во имобилизирана положба со оглед на тежината на повредите беше префрлено на Клиника за трауматологија во Скопје“ информира хирургот д-р Митев.

Според билтенот на СВР Велес,во првите шест месеци од оваа година на територијата на ПС ОН Неготино се случени вкупно 56 сообраќајни незгоди каде во една од нив едно лице го загубило животот, 8 сообраќајни негоди завршиле со тешки телесни повреди,  18 со телесни повреди и  во 29 сообраќајни незгоди е евидентирана само материјална штета. / А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново