Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Krivolak1

Македонија работеше и работи да ги исполни сите критериуми и НАТО стандарди – рече денеска во изјавата за медиумите министерката за одбрана Радмила Шеќеринска . Таа присуствуваше на свеченото затворање на „летниот кампус на воениот полигон Криволак.

„И ова што денеска го видовте е само еден од тие примери. Дека Македонската армија, дека Воената  академија и Минустерството  за одбрана навистина прават се да обучат модерна армија, армија која ќе биде членка на НАТО алијансата, да ги обучат новите генерации питомци и идни офицери, кои практично целата своја кариера ќе ја развиваат во рамките на  НАТО сојузот.     Денеска,  ова беше пример и на тоа колку Македонија работи на подобрување на своите контакти и својата соработка со сите соседи“ рече министерката и нагласи дека на настанот присуствуваа питомци и инструктори од 11 земји во регионот и стратешки партнери на Македонија.

krivolak2

Покажавме, рече Шеќеринска  дека знаеме да соработуваме,  не само како партнер,  туку како и членка на НАТО алијансата.

„Летниот кампус кој што веќе создаде традиција е исто така и  дел од т.н паметна одбрана. Тоа значи дека Македонија има капацитет кој што го нуди на земјите во регионот, на нашите партнери и сојузници,  капацитет со кој  навистина можеме да бидеме задоволни. Денеска пред нас беа околу 120 млади луѓе, во главно од регионот кои покажаа дека можат да соработуваат, дека тоа можат да го прават во тешки ситуации и дека тоа можат да го прават и во критични ситуации кога заедно сме појаки“ рече министерката за одбрана.

Во рамки на церемонијата, се одржа  и тактичка вежба „Сеопфатен пристап кон мировните операции“.

 krivolak 3   

Меѓународниот проект „Летен кампус 2018“ има за цел да ја доближи до младите питомци и идни мировници комплексноста на идните предизвици во постконфликтните операции. Се одржува во периодот од 26 јуни до 6 јули, во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ и вклучува повеќе од 120 учесници од 11 држави, питомци од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Романија, САД, Косово, Хрватска, Црна Гора и Република Македонија како домаќин.

     Во денешната вежба беше претставена постконфликтна состојба и акции за зачувување на мирот.

Шеќеринска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се користи повеќе полигонот Криволак по приемот на Македонија во НАТО, рече дека очекувањата се да се зголеми потенцијалот на Криволак и Македонија .

„Тоа ќе биде добро за имиџот на Македонија, за економијата на земјата но и за економијата на регионот. Полигонот Криволак е еден од капацитетите кои Македонија ги има да ги понуди и на НАТО алијансата и на нашите партнери. И досега сме изведувале заеднички вежби со неколку земји од регионот и со неколку земји со кои имаме партнерства. Меѓутоа нашето членство во НАТО ќе стави поголем акцент и на оваа можност. Ова ќе ни ја даде шансата да ја претставиме Македонија како земја која не бара, туку  и земја која што има што да понуди. И уште оваа година, ќе имате прилика  и во  текот на јули месец да видите дека еден дел од специјалните сили на Америка  ќе водат заеднички вежби, тука на Криволак.  Очекуваме во текот на оваа година, ова лето да имаме  дополнителни американски војници кои  се присутни во регионот,  да  вежбаат заедно со македонските војници, нагласи Шеќеринска./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново