Со еден милион евра од ЕУ Неготино ќе реши неколку проблеми
Повеќе проблеми кои ги мачат жителите на општина Неготино ќе се решаваат со пари од Европската Унија. Општината најави дека ќе добие еден милион евра пари од ИПА програмата, а ќе ги потроши за подобрување на условите во населените места.
Од локалната самоуправа брифираа дека ќе се гради главен колектор за отпадни води за приклучување на селото Тимјаник во системот. Специјализирано возило за одзатнување на јами и канализации ќе се набави за ЈП Комуналец, а целосно ќе се реконструира уличното осветлување. Старите живени светилки ќе се менуваат со нови лед штедливи светилки.
Со европски пари во Неготино се помагаа и пчеларите. Беа одржани неколку обуки за нив, им беше набавена опрема за производство на мед, а се едуцираа и како полесно да изградат маркетинг стратегија за продажба на пчелните производи./А.Д