20.01.2021
Од СВР - Велес информираат дека на ден 19.01.2021 од 9 до 16 часот на подрачјето на СВР - Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
15.01.2021
Можеби навидум изгледа чудно и неверојатно, но првата и воедно најстара авто-школа во државата е формирана токму во Неготино. Авто-школа „15 јануари - Неготино‟ , е формирана далечната 1991 година, на датумот чие име и го носи, пред точно 30 години. За тоа како невозможното стана возможно, за самите почетоци со работа, големата желба сонот да стане јаве, како и за развојот на Авто-школа „15 јануари -Неготино‟ раскажува еден од нејзините сопственици, Леон Ристов.
14.01.2021
Откако минатата година Советот на Општина Неготино донесе Одлука со која за првпат беше формирано Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“-Неготино, веројатно е дека истото наскоро ќе започне со својата работа.
13.01.2021
Општина Неготино ги известува своите граѓани, дека со цел вклучување на јавноста во реализирањето проекти што се од значење за граѓаните, општината стартува со имплементација на механизам за жалби и поплаки, преку однапред изготвени обрасци, кои граѓаните ќе можат да ги поднесуваат до органите на локалната самоуправа и надлежните институции.
13.01.2021
Јавното претпријатие „Комуналец“, препорачува да се преврива водата за пиење во Општина Неготино пред употреба, бидејќи е појавено заматување поради интензивни врнежи од дожд.
11.01.2021
Со оглед на обилните и интензивни дождови, кои под влијание на влажен циклон ја зафатија целата држава од ЈП „Комуналец″ Неготино ги известуваат граѓаните на Општина Неготино, дека во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“ се јавило заматување на водата.