Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Земјоделците во регионот на Овче Поле од денеска ќе можат да се јават на огласот за закуп на државно обработливо земјиште што денеска го распиша Министерството за земјоделство. Државата на располагање стави вкупно 910 хектари што се наоѓаат на различни блокови кои претходно биле дел од АК „Џумајлија“. Министерството планира на заинтересираните земјоделците да им даде можност да закупат до и над 3 хектари обработлива површина на територијата на општина Лозово.

- Македонија има вредни земјоделци и плодна земја. Лоциравме над 11 илјади хектари слободна земјоделска површина, оформена во блокови и целосно исчистена што во наредните неколку месеци низ владина постапка исто така ќе бидат објавени преку огласи до и над 3 хектари. Мотивиравме странски инвеститори заинтересирани за изградба на нови производствени капацитети за зголемување на вкупното земјоделско производство и за инвестиции токму во агросекторот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Огласот е објавен и ќе трае шеесет дена за потоа на обработливата земја да се организира првото земјоделско производство. Пратениците на утрешната седница во Собранието ќе треба да расправаат за измените на Законот за консолидација на земјоделското земјиште од кои се очекува окрупнување на обработливите државни површини и поедноставни постапки за добивање на земја од страна на земјоделските производители.

- Годинава започнуваме постапки за окрупнување на 17 илјади и 400 парцели на 4 илјади и петстотини хектари или 12 консолидациони подрачја на кои ќе се окрупнува државната земја што ќе донесе зголемување на приносот и модерно развиено земјоделско производство, додаде Николовски.

Наскоро на јавен повик исто така земјоделците ќе можат да се пријавуваат и за откуп на државна обработлива земја на која има оранжериско производство. Законски измени се направени и изгласани од Владата. Постапката ќе се води транспарентно и одговорно за да може да даде резултати и во зголемувањето на искористеноста на ИПАРД фондовите како еден од начините земјата да дојде во рацете на вистинските земјоделци. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново