20200313 02006a61a8accc517b9f6e5fc4ff1f4cМ.Д (73)  од кавадаречкото село Глишиќ е пронајдена мртва. Во полицијата вчера било  пријавено дека околу 17.00 часот, на место викано „Љубаш“, во лозов насад, пронајдена е почината М.Д,  претходно пријавена како исчезната.

sudkv fin

Основниот суд Кавадарци го прифати казнениот налог на Јавното обвинителство Кавадарци и го огласи за виновно лицето од селото Дебреште, Општина Росоман, обвинето дека сторило кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик, потврди за Дума.мк, претседателот на Основен суд Кавадарци Лазар Нанев.

jancev izjavaПоголем е  бројот на пуинктови каде може да се врши дезинфекција на раце низ кавадаречките улици, а исто зголемена дезинфекција и на градските улици. За ова и за целата состојба околу корона вирусот денеска на прес конференција информираше градоначалникот Митко Јанчев.

MaraDamjanovska fin

Седумдесет и три годишната Мара Дамјаноска од Кавадарци не е пронајдена и покрај вчерашната потрага и пребарување на територијата на градот. Жената која исчезна пред два дена, на 9 март 2020 година, околу 14 часот, од пред банка во Кавадарци додека нејзината ќерка К.Т.(32) вадела пари, боледувала од склероза. Дамјаноска во тој момент се оддалечила во непознат правец и семејството нема никакви информации за неа. 

bolnicakavadarci

Дваесет и тригодишниот П.Н од Кавадарци се здобил со телесни повреди на своето работно место во кавадаречка фабрика, потврдуваат од полицијата.

detskioddelЗа прв пат по отворањето, целосно е реновирано и опремено детското одделение во Кавадаречката болница со донација од Јапонската Амбасада во износ од 50 илјади евра.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново