Николоски од Кавадарци: Оставка на Заев, да се формира влада на национален спас
04.12.2020
Со автомобили и вклучени сирени и вечерва се протестираше во Кавадарци. Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ побраа оставка од премиерот Заев. Пред кавадарчани се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој порача дека политичката кариера на Заев била пред самиот крај.
– Еве повторно, за жал Македонија се наоѓа пред големи и тешки предизвици. Предизвици за кои што вие се сеќавате зборувавме и во текот на изборите, за работи за кои што предупредувавме. Благодарам на поддршката на сите на кои што не поддржаа и еден апел да размислат тие кои што не не поддржаа за она што го зборувавме во изборите затоа што за жал тоа сега се слуучува со оваа старо ново коалиција, коалиција на лагата и криминалот, коалиција на СДСМ и ДУИ. А тоа економско опустошување на Македонија и национално понижување “ рече Николоски
Тој нагласи дека Македонија во моментов ја живеела својата најголема криза од осамостојувањето до денес. Државата била соочена со здравствена и економска криза поради корона вирусот, а сега била соочена и со криза во евроинтеграциите и односите со Бугарија.
„ Оттука од Кавадарци, од пред оваа прекрасна црква тука Св. Петка повикувам денес, сега за да не е предоцна оставка на Заев за слобода на народот. Оставка на Заев за ден поскоро оваа влада да замине. Да се формира влада на национално единство подржана од сите политички партии која што ќе ги реши овие три проблеми и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори на кои што ќе се случи промената во Македонија“ рече Николовски и порача дека предвремени избори морало да се одржат, за да се зачува македонското национално достоинство и зачувување на посебноста на македонскиот јазик.
А.Д