Ковид – 19: Едно лице ја загуби битката, 59 нови позитивни во Тиквешијата
04.12.2020
Едно лице на 79 – годишна возраст од Кавадарци ја загуби битката со пандемијата, во изминатите 24 часа, информираат од кавадаречката болница
.Во денешната статистика на Центарот за јавно здравје – Кавадарци, се евидентираат 59 нови позитивни случаи. Меѓу нив има 3 здравствени работици од Кавадарци, еден од Неготино и двајца просветни работиници кои одржувале настава од далечина.
Во Кавадарци има 41 нов случај, еден во Росоман, 15 во Неготино и два во Демир Капија.
„Новите позитивни се на возраст од 12 до 70 години, информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Од почетокот на епидемијата во Кавадарци има вкупно 1358 позитивни случаи, од кои активни се 523. Додека во Неготино има вкупно 646, од кои активни се 337 лица (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Мите Јаначков