Две тепачки во еден ден во Кавадарци
Објавено на 3 декември, 2020 во 18:55
3.12.2020
Вчера првата тепачка се случила околу 13 часот кога К.Д.(68) од Кавадарци дека на ул.„29-ти Ноември“ била физички нападната од З.П. и П.П.. Тепачката е пријавена во Полициска станица Кавадарци.
Полициските службеници еден час подоцна, поточно, околу 14.00 часот примиле пријава дека и на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу тројца учесници и тоа М.П.(49) и С.П.(49) од една страна и М.П.(67) од друга страна.
– По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Ангел Данов