Еден починат и 53 нови лица позитивни на Ковид – 19 во Тиквешко
Објавено на 29 ноември, 2020 во 12:39
29.11.2020
Во изминатото деноноќие на скопските ковид клиники починал еден пациент од Кавадарци на 67 годишна возраст.
Истовремено во Тиквешијата се дијагностицирани 53 нови позитивни случаи на коронавирус, информираат од ЦЈЗ – Кавадарци.
Во Кавадарци се новодијагностицирани 25 лица, во Неготино 19 лица, Демир Капија 8 лица и во Росоман 1 лице.
Сите позитивни се на возраст од 17 до 68 години, информира епидемиолог д-р. Ристе Јовановски.
Мите Јаначков