Двајца починати и 28 нови ковид позитивни во Тиквешијата
25.11.2020
Дваесет и осум нови ковид позитивни се регистрираат во денешната статистика на Центарот за јавно здравје Кавадарци за тиквешкиот регион, заклучно со 13.30 часот.
Во Кавадарци има 16 нови позитивни на возраст од 17 до 79 години, двајца во Росоман од 70 и 78 години, шестмина во Неготино на возраст од 19 до 59 години и четворица на возраст од 31 до 54 години во Демир Капија.
„Меѓу денешните позитивни има еден здравствен работник од Кавадарци. Исто така позитивни се и две негователки од два објекта на детската градинка во Кавадарци поради што во изолација се по 11 деца и по 1 воспитувачки и 1 негователки. Вкупно во изолација се 22 деца и 2 воспитувачки и 2 негователки“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во последните 24 часа починати се две лица од Кавадарци на возраст од 66 и 81 година.
Ангел Данов