Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

122186003 3412926765454758 5906640139337833244 nГолем помор на риби кај производителите на крап, се случува во моментот на Тиквешко Езеро, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден и се` уште трае, алармираат сопствениците на компаниите „Златен крап“ и „Дошница“ кои одгледуваат крап во кафазен систем.

„Целото производство од преку 120 тона ни е загрозено. Настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, но развојот на ситуацијата е се` уште неповолен“, велат од „Златен Крап“.

Забележително е катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење, кое трае и во моментот. Измереното ниво на кислород во водата е спуштено на алармантни 2 mg/L 

„Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород (4 до 5 mg/L) во нашите води, а кој е неопходен за опстојување и добра кондиција на рибата. Моментално штетата е околу десетина илјади евра или во количина околу 3.500 килограми. Количината на вкупниот рибник е 120 тони. Земени се примероци од угинатите риби за анализа“ ни изјави сопственикот на „Златен крап“, Љупче Танев.

И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на другите рибници, но ризикот секако постои, особено што пред неколку години истиот проблем се појави кај целата акумулација и тогаш беше уништено речиси 60-70% од производството на сите производители.

Сопствениците со кои раговаравме информираат дека за проблемот веќе ја алармирале владата и министерството за земјоделство, а вчера увид извршил и ветеринарен инспектор. Биле земени  мостри од водата од страна на ЦЈЗ Кавадарци, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања.

А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново