Петмина нови заболени со корона вирус во Тиквешијата
Објавено на 16 септември, 2020 во 14:46
Пет нови случаи на Ковид19 се дијагностицирани денеска во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Станува збор за три лица од Кавадарци, по еден од Росоман и Неготино. Позитивните се на возраст од 33 до 50 години.
„Трите лица од Кавадарци имаат симптоми и биле во контакт со претходно заболено лице. Останатите двајца не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се регистрирани вкучно 205 случаи, а активни се 33.
А.Д